Koja e Maja?
Маја е искусна и посветена личност со силна спортска позадина и љубов кон фитнесот и здравиот животен стил. Таа е квалификувана џудистка и самбо такмичарка, која има освоено повеќе медали на национални и меѓународни натпревари. 2020 на Светско првенство во Самбо се пласира на 7мо место, 2022 завршува како 5 на Европско Самбо првенство и 2 на Европско Кураш првенство.
Ова искуство ја направи Маја експерт во техниката, дисциплината и менталната сила која е потребна за постигнување врвни резултати.
2023 се стекнува со лиценца за фитнес тренер и диплома фитнес и бодибилдинг тренер. 2025 Академијата на ББФФМ во соработка со IFBB Academy и Директор на IFBB Academy Nordic, господинот Виле Изола, ја одржува првата генерација од оваа Академија и Маја се стекнува со меѓународна Диплома за Бодибилдинг и Фитнес Тренер, Напредно Ниво, издадена директно од канцеларијата на IFBB Academy во Мадрид.
Како тренер, Маја ги спојува спортските вештини со индивидуален пристап кон секоја жена, создавајќи безбедна и мотивирачка средина каде што сите може да напредуваат. Нејзината мисија е да помогне на секоја жена да ја открие својата внатрешна сила, да се чувствува сигурно во своето тело и да ги постигне своите фитнес цели.
Со Маја ќе научиш не само како да вежбаш правилно, туку и како да изградеш цврст карактер и упорност која ќе ти користи во секојдневниот живот.
Придружи се и направи го првиот чекор кон живот полн со енергија и здравје.