Твоето ново омилено место за движење, ослободување од стрес и градење на тело што ќе го сакаш.Без разлика дали сакаш да изгубиш тежина, да го подобриш здравјето или само да се чувствуваш поактивно, MajaFit е тука да те води кон твојата цел.
Придружи се и направи го првиот чекор кон живот полн со енергија и здравје.
Маја е искусна и посветена личност со силна спортска позадина и љубов кон фитнесот и здравиот животен стил. Таа е квалификувана џудистка и самбо такмичарка, која има освоено повеќе медали на национални и меѓународни натпревари. 2020 на Светско првенство во Самбо се пласира на 7мо место, 2022 завршува како 5 на Европско Самбо првенство и 2 на Европско Кураш првенство.
Тренингот се состои од фитнес вежби во комбинација од аеробик со пилатес, кардио вежби, и вежби за кондиција и сила.
Совети за здрава и избалансирана исхрана
Понеделник - Петок - 08:00 / 09:00
Понеделник , Среда, Петок - 17:30 / 18:30 / 19:30 / 20:30
Вторник , Четврток - 17:00 / 18:00 / 19:00 / 20:00
Сабота -10:00 / 11:00
Индивидуален тренинг / Самоодбрана за жени- по договор
Во нашето студио, фитнесот не е само вежбање – тоа е заедница, мотивација и љубов кон себе.